Андоновска: Две недели има намалување на бројот на заболени од грип, но се уште е многу рано да се каже дека е надминат пикот

Две недели има намалување на бројот на заболени од грип, но се уште е многу рано да кажеме дека сме го надминале пикот, бидејќи во минатата сезона имавме два пика. Можеби ова е првиот, можеби да е последниот, но не значи дека нема да има нов пик и ново зголемување на бројот на заболени. Оваа сезона се регистрирани три смртни случаи, изјави денеска директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска.
Таа посочи дека во текот на четвртата недела во оваа сезона продолжува трендот на намалување на бројот на заболени и инциденцата на заболувања слични на грип. Според податоците, во моментов во Македонија има среден интензитет на активност на вирусот.
- Во текот на четвртата недела од годинава во период од 19 јануари до 25 јануари во Македонија се пријавени 1.708, случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 17,2 проценти помалку споредено со претходната недела кога бројот беше 2.062. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со четвртата недела од минатата сезона, е намален за 9,1 проценти, а споредено со истата недела за 15-те поминати сезони е намален е за 33,4 проценти, истакна д-р Андоновска.
Во однос на возрасната дистрибуција, појасни, 1.029 лица се на возраст од 15 до 64 години, 253 се лица на возраст над 65 години, 243 се деца на возраст од пет до 14 години, 183 деца се на возраст до четири години, а највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години.
- Во однос на градовите во Дебар и Кратово се бележи многу висока активност на грипот. Во Охрид, Кавадарци и Струмица има висока активност, во девет градови има средна активност, во 12 градови се бележи сезонска активност, а во два града се бележи многу ниска активност, рече д-р Андоновска.
Таа потенцира дека и натаму продолжуваат да важат препораките на ИЈЗ за лицата да се заштитат, а тоа е да се избегнуваат собирања во простории каде има повеќе лица или доколку е потребно да бидат во такви простории да носат маска.
- Посебно да водат сметка и да внимаваат на здравјето ранливите категории, повозрасните лица над 65 години, хронично болните, децата, трудниците. Доколку имаат сомнеж дека некое лице е заболено или покажува симптоми треба да се избегнуваат контакти со него. Оние кои се веќе дијагностицирани или имаат грип тие треба да останат дома. Децата да не се носат во училиште ако имаат симптоми со цел побрзо да закрепнат и да нема трансмисија на вирусот, да не се пренесува вирусот. Нашите препораки се истите како и претходно - да се остане дома, да се одмора и да се следат советите од матичниот лекар, додаде д-р Андоновска.
МИА
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18:00 часот 13 пожари на отворен простор од кои два се активни 11 изгаснати
-

Мицкоски: По не знам колку време имаме повеќе барања за поврат на македонското државјанство отколку барања за отпис од државјанство
-

Седум лица уапсени од вкупно 11 пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

СП 2026: Американски министер: Мило ми е што Иран е елиминиран и неговите фудбалери нема да се вратат во нашата земја
-

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги доби здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди - култура, односи меѓу заедниците и правда, ЗНАМ - земјоделство
-

Ангелов: Воспоставена делумна контрола на пожарите кај Велес и Дојран
-

Полјански: Европа би можела да биде вовлечена во конфликт со Русија дури и пред 2030 година
-

УГД - Штип по приведувањето на професорката за мито: Сите што имаат сознанија за незаконски дејства да пријават
