AMС: Прием за младите каратисти

Агенцијата за млади и спорт организира прием за каратистите по повод успешниот настап 43-то Европско првенство во карате за младинци, јуниори и постари јуниори У21, кое се одржа во Лимасол на Кипар.
„Остварувањето на ваквиот успех е уште еден доказ дека каратето е спорт со огромен потенцијал во Република Македонија. Изминатиов период имавме одлични резултати на скоро сите настапи и во сите возрасни категории, што укажува на фактот дека соработката која АМС ја има со оваа федерација е од големо значење и дека и во иднина Агенцијата финансиски ќе продолжи да ги поддржува сите настапи на Македонските репрезентативци, истакна директорот на АМС, Марјан Спасески.
Еден сребрен и пет бронзени медали е досега најдобриот успех на едно вакво натпреварување, на кое учествуваа повеќе од 940 натпреварувачи од 48 држави.
„На сребрениот успех на светското првенство на женскиот ката тим се надоврза и европската бронза, што го вбројува овој тим во листата на непосакувани противници. За успех на секое натпреварување покрај константното залагање потребни се и добра среќа во ждребот, како и фер судење. Тоа се параметри кои овојпат, како и многупати пред тоа, не ни беа наклонети. Но и тоа не беше пречка за освојување бронза на македонскиот женски ката тим, но и сребрен медал во машка конкуренција за Абдурахман Идризи кој е прв поединечен медал во кати за Македонија воопшто“, истакна селекторот на ката тимот Златко Димовски.
Покрај среброто на Идризи и бронзата на ката тимот, бронзени медали на ЕП освоија уште Моника Пендаровска, Столе Смилковски, Петар Спасеновски и Азис Исмаил.
Ново на Сител
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
-

Од денеска нема мерки за горивата, Пазарната инспекција подготвува нов извештај за цените во маркетите
-

Се затега монетарната политика, ќе поскапат кредитите
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското езеро
