-->
-->
Амбасадата на САД предупредува на опасност од напади врз Американци во Турција
-->

Амбасадата на САД во Турција денеска предупреди на опасност од напади врз нејзини државјани по порастот на антиамериканска реторика.
- Порастот на антиамериканската реторика има потенцијал да инспирира поединци да нападнат американски државјани, се наведува во предупредувањето од Амбасадата на САД во Турција.
Во соопштението се додава дека новите напади би можече да се случат на големи настани, туристички атракции, во ресторани, во ноќни клубови, трговски центри и станици на јавен превоз.
Амбасадата потсетува дека останува во сила наредбата семејствата на вработените во Конзулатот во Истанбул да заминат од Турција, а сите посети на американската администрација на Истанбул мора да ги одобри Стејт департментот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ОЈО оформи предмет за Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош
-

Пиштол вперен кон сопругата, нападната ќерка - тројца мажи уапсени за семејно насилство
-

САД и Израел ги интензивираат нападите врз Иран, војната влегува во седмиот ден
-

Околу 800 Македонци побарале да се вратат дома од погодените земји
-

Нема потреба од паника, залихи на нафта има доволно
-

Документ на ЦИА за Киро Глигоров ги разбуди партиите за името
-

Клучни членки на ЕУ се против предлогот за прием на нови држави без право на глас?
-

Секој пациент ќе има електронско досие - нема веќе хартии во папка
