Алушовски: Барселона во фокусот, а Вардар во мислите

Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер утре го играат последниот дуел од групата во Лигата на шампионите и тоа на гостински терен кај Барселона. Натпревар за уживање, но и натпревар во кој битолчани немаат што да загубат.
-Барселона е лидер во нашата група и во моментов игра можеби најдобар ракомет во Европа. Оваа екипа има систем кој долго го игра. Ние нема што да загубиме на овој натпревар, туку можеме само да добиеме. Најмногу за да останеме во еден силен натпреварувачки ритам, затоа што веќе в недела ни следи дербито на сезоната. За Барселона се подготвуваме како и за секој друг натпревар. Натпреварите од Лигата на шампионите ни помогнаа да бидеме максимални во плеј-офот (недела против Вардар). Анализираме кои се слабите страни во одбрана и во напад, ќе пробаме да го имплементираме нашиот систем и да одговориме на играта на Барселона. Имаме мали кадровски проблеми, Филип Кузмановски уште не е во тренажен процес, но се подготвуваме максимално. Очекувам натпревар за уживање, можеби нема да биде сличен како оној во Битола, но ќе се обидеме да изненадиме ако ни се укаже шанса, изјави тренерот на Еурофарм Пелистер Стевче Алушовски.
Дуелот меѓу Барселона и Еурофарм Пелистер се игра во среда со почеток во 20:45 часот. Барселона е прва во групата со 24 бодови, со само еден пораз (во сите натпреварувања) и тоа на стартот од сезоната.
МИА
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
