Алиу: Немам информација дека овошјето и зеленчукот од Трубарево не треба да се јадат

Министерот за здравство Азир Алиу нема информација дека зеленчкуот и овошјето од Трубарево не треба да се консумираат. Тој денеска, одговорајќи на новинарски прашања, укажа дека според официјалните резултати од направените анализи, нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во ова скопско село.
Во однос на скринигот, повтори дека вкупно 18 лица треба да продолжат со натамошни лекарски процедури.
Ова, напомена, не е завршна фаза, зашто според протоколите ќе треба да се прави скрининг уште два пати, по три и по шест месеци.
Според Алиу, пратен е допис до инстиутциите - ако некој од пожарникарите или од вработените во министертсвата за внатрешни работи и одбрана кои беа вклучени во гаснењето на пожарот почувствуваат некакви симптоми, да се јават во здравствените установи.
-Два дена имавме активен скрининг, првиот ден поминаа 111 лица од кои 11 продолжуваат на Клиниката за пулмоплогија, а вториот 103 граѓани поминаа низ процедурите и од нив 7 продожуваат на Пулмологија. Во однос на овошјето и зеленчук од Трубарево, направени се мерења во воздухот, водата и почвата, покажаа дека нема елементи над дозволените граници. Според протоколот, по еден месец повторно ќе се проверуваат вредностите и по првиот дожд. ИЈЗ ќе информира за елементите, а се надевам дека се активни и другите институции. Ние ќе излеземе со препораки. Но, нема радиоактивност таму, таа е во нормалните граници. Имаме Кризен штаб, досега немам информација дека зеленчкуот и овошјето не треба да се консумираат, подвлече министерот.
MИА
Ново на Сител
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
-

Мицкоски: Владата ќе интервенира со дополнителни мерки, една од опциите е и повторно намалување на ДДВ за горивата
-

Општина Аеродром со јавен повик за пријавување штети од силното невреме
-

АХВ: Угостителските објекти во Гостивар ја почитуваат забраната за користење на водата
-

Син го претепал таткото и му се заканувал дека ќе го убие
-

Владата ќе ги обесштети штетите од невремето, граѓаните да поднесат пријави
-

Татко без согласност ја одвел 10-месечната ќерка во Швајцарија
-

Ја претепал сопругата, па и се заканил со палење на куќата - ОЈО бара притвор
