Акција на полицијата - уапсени 12 новинари

Судот во Истанбул денеска повторно издаде налог за апсење на 12 новинари, кои биле ослободени минатиот месец од притвор, каде се наоѓале во врска со истрагата за осуетениот обид за преврат во јули минатата година.
Минатиот месец турски суд донесе одлука 21 новинар да бидат ослободени од притвор во очекување на судскиот процес поради обвинение за „обид за соборување на Владата“. Обвинителството итно започна нова истрага и повторно побара тие да бидат уапсени.
Сите новинари биле уапсени уште истата ноќ, а според денешната судска одлука 12 од нив ќе бидат оставени во притвор, еден ќе биде ослободен и под судски надзор, а останатите осуммина се ослободени.
Новинарите работеле во весникот „Заман“ и други медиуми, кои се осомничени за поврзаност со движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат за државниот удар.
Моментно над 140 новинари се наоѓаат во затвор во Турција.
Ново на Сител
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
