Аеродромот „Александар Велики“ е отворен и функционира нормално

Аеродромот „Александар Велики“ е отворен и ависообраќајот функционира нормално, по вчерашното одложување на летот на „Туркиш ерлајнс“ за Истанбул, соопшти ТАВ Македонија.
- Во текот на редовната безбедносна проверка на авионот за вчерашниот (23 ноември) вечерен лет кон Истанбул беше пронајден оставен мобилен телефон. Поради безбедносните правила на авиокомпанијата и одлуката на капетанот, леталото се врати во позиција на паркирање за да се изврши дополнителна контрола. Ова е стандардна меѓународна процедура што се спроведува во име на безбедноста на леталата и на патниците. Поради неа, летот беше одложен. Откако сите услови беа исполнети, капетанот одлучи да продолжи со летот и авионот во средата во 22:56 часот полета кон Истанбул, наведуваат од ТАВ Македонија.
Нагласуваат дека малите одложувања на одредени летови видливи на аеродромската вебстраница се од вчераутро. Тие се резултат на густата магла и воопшто не се поврзани со одложениот лет кон Истанбул.
Со авионот на „Туркиш ерлајнс“ кој привремено беше задржан синоќа на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, за Истанбул требаше да отпатува и делегација предводена од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Од кабинетот на шефот на државата информираа дека поради безбедносните процедури, претседателот Иванов и членовите на делегацијата не отпатуваа за Истанбул од каде требаше да заминат за Мадагаскар на Самит на франкофонијата.
Ново на Сител
-

Централен одбор на ДУИ: Избрани нови претседатели на локални ограноци, Арта Биљали Зендели нов портпарол
-

Без вода утре дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ во Центар
-

Изречени казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски
-

Почина Васил Рингов
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
