Абазовиќ ги посети повредените во бомбашкиот напад
Црногорскиот премиер во технички мандат Дритан Абазовиќ денеска најави дека прашањето за безбедноста на институциите ќе биде отворено на вонредната седница на Владата и на седницата на Советот за национална безбедност.
Абазовиќ и министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ ги посетија повредените во бомбашки напад во Основниот суд во Подгорица, објави црногорскиот портал ЦДМ.
„Она што е најважно во овој момент е сите пациенти да се надвор од животна опасност. Сè е среќа во несреќата што по вчерашниот трагичен настан немаме повеќе жртви“, рече Абазовиќ по посетата на Клиничкиот центар на Црна Гора.
Според него, настанot не може да се стави во контекст на неколку настани што се случија претходно, каде беше најавено активирање на експлозивни направи.
„Ова е изолиран случај, се работи за човек кој имал одредени проблеми со кои требало да се позанимаваат сите други институции“, нагласи тој.
На средба со директорката на Клиничкиот центар, Љиљана Радуловиќ, на која присуствуваа Зоран Терзиќ, медицински директор, Маринко Пауновиќ, хирург и член на Управниот одбор и Горан Пешиќ, директор на Ортопедија, беше оценето дека сите пациенти се во стабилна здравствена состојба и надвор од животна опасност, соопшти Владата.
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
