-->
-->
АБА лига: Задар домаќин на МЗТ Скопје
-->

Кошаркарите на македонскиот првак МЗТ Скопје вечерва играат еден од клучните натпревари за опстанок во АБА лигата со триумф на гостувањето кај Задар МЗТ Скопје ќе обезбеди опстанок во ова натпреварување. Евентуален пораз нема да значи и крај бидејќи до крајот на АБА лигата „металците“ ќе играат дома со Тајфун (последнопласирана екипа) и на гости против евролигашот Цедевита.
МЗТ Скопје по 23 одиграни кола има 9 победи, додека нивниот вечерашен ривал Задар има една победа повеќе. На првиот натпревар одигран во Скопје, Задар победи со 72:60. Нашиот шампион ќе биде ослабен на овој натпревар бидејќи тренерот Александар Јончевски поради суспензија од еден натпревар за недоличното однесување по завршувањето на дуелот со Будуќност во понеделникот во Скопје е казнет со еден натпревар.
Почетокот на вечерашниот дуел во Задар е во 20 часот.
На другите натпревари од 24.коло ќе играат:
Тајфун – Партизан,
Мега Лекс – Олимпија,
Цибона – Крка (сабота),
Црвена Звезда – Сутјеска,
Цедевита – Металац (недела) и
Будуќност – Игокеа (понеделник).
Табела: Будуќност 21-2 (победи-порази), Црвена Звезда 17-6, Цедевита 17-6, Мега Лекс 16-7, Цибона 10-13, Партизан 10-13, Задар 10-13, МЗТ Скопје 9-14, Олимпија 9-14, Игокеа 9-14, Крка 9-14, Крка 9-14, Металац 9-14, Сутјеска 8-15, Тајфун 7-16.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Бесплатен панорамски разглед на Скопје
-

Сончево време со мала до умерена локална облачност
-

Трамп ги предупреди Кина и Русија да не се мешаат во војната во Иран
-

Маск: Вештачката интелигенција за пет години ќе ја надмине човечката
-

Клековски на средба со претставници на матични лекари и на „Мој Темин“: Заедно за побрзи и поефикасни термини
-

Трамп и Зеленски ќе се сретнат во вторник во Вашингтон
-

АХВ: Ја разбираме загриженоста на одгледувачите на овци, но категорично ги отфрламе тврдењата дека не реагираме навремено во однос на сипаниците кај малите преживари
-

На Пелистер падна снег
