79-годишен дедо од Велес е прво лице во земјава кое ќе издржува куќен затвор со електронска алка
79-годишен жител на Велес ќе биде првото лице во државата кое ќе ја издржува затворската казна со електронска алка на ногата. Тој е осуден на три месеци куќен затвор за кривично дело полово вознемирување, согласно член 190-а став 2 од Кривичниот законик, пишува Фокус.
Од Управата за извршување санкции потврдија дека пресудата е донесена од Велешкиот суд. Барањето на осудениот за одложување на извршувањето е одбиено, а откако пробациски службеник ќе подготви индивидуална програма, ќе му биде поставена опремата за електронски надзор.
Ова е прв случај на практична примена на електронски алки во Македонија, кои беа најавени во мај годинава од директорот на УИС, Александар Пандов. Алките се воведуваат како начин за намалување на затворската популација, со оглед на тоа што во земјава има околу 2.300 затвореници и 400 притвореници, а дел од установите работат со над 100% исполнетост.
Законот овозможува алки да користат три категории осуденици: стари и изнемоштени лица, бремени жени и мајки со мали деца, како и лица со тешки болести или инвалидитет.
Одделението за електронски надзор во рамки на УИС следи доколку осуденикот го напушти дозволениот периметар или ја помести опремата. Во такви случаи се активира аларм, а ако лицето не одговори на повик, се информира полицијата.
Според Пандов, државата троши над 2.000 денари дневно за еден затвореник, поради што електронските алки претставуваат и финансиска олеснителна мерка.
Ново на Сител
-

Мицкоски објави специјално видео за независноста, Филипче тврди дека се слават успесите на СДСМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од политичката некултура
-

Трамп: Подготвени сме да го зголемиме економскиот притисок врз Иран
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 15 лица безобѕирно управување моторно возило
-

Расчистено разбојништво од почетокот на јули во скопско, приведени две лица
-

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
