-->
-->
30 дневен притвор за Бојан Јовановски
-->
30 дневен притвор за Боки 13 и Зоран Кичеец. Шефицата на организиран криминал соопшти дека мерката е одредена по сите 3 основи. Рускоска потврди дека е одземен телефонот на Катица Јанева за да утврди дали постоела комуникација со првоосомничениот, но немало извршен претрес. Додека обвинителката даваше изјава излезе првоосомничениот Бојан Јовановски познат како Боки 13 и изјави:
- Извинете што ве прекинувам додека кажувате лаги, мислејќи на обвинителката
Рускоска изјави дека Бојан Јовановски е приведен на граничниот премин Богородица поради опасност од бегство. Таа надева дека истрагата ќе биде проширена но не откри детали.
Претреси вечерва се извршени кај првоосомничениот Боки 13 во неговата канцеларија и во домот на неговите родители.
Мирјана Давидовска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

28 пожари на отворен простор, 11 се уште активни
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Преглед на вестите од светот
-

30 дневен притвор за возач од СОЗР поради примање мито
-

Пожарите не стивнуваат: Пламените јазици кај месноста Рамно, нов предизвик за скопските пожарникари
-

ВМРО-ДПМНЕ направи споредба на економските политики со претходната власт
-

Се зголемува бројот на семејно насилство, институциите не можат да направат навремена проценка на случаите
-

Портокалово предупредување, висок пожарен ризик
