Македонија
4. September 2020 - 10:34

16 годишник од Битола тешко повреден откако работна машина удрила во бетонски ѕид

Вчера во 15.40 часот било пријавено дека на ул.„Панде Илковски“ во Битола, Е.К.(19) од Битола управувајќи работна машина „аран“ удрил во бетонски ѕид и ограда од куќа. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил 16 годишник од Битола, кој бил сопатник во работната машина, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.