Loading Video...
Тенис
9. May 2021 - 18:58

Зверев и Беретини играат во финалето на Мастерсот во Мадрид

Германецот, Александар Зверев и Италијанецот, Матео Беретини играат во финалето на Мастерс турнирот што се одржува во Мадрид. 
 
10-то рангираниот на АТП листата Беренити место во финалето обезбеди со победата во полуфиналниот дуел против Норвежанецот, Рут во два сета со идентични 6-4, додека Зверев кој е 6-ти на АТП листата и ја има улогата на фаворит во вечерашното финале со Беретини, во полуфиналето беше подобар од Доминик Тим со 6-3 и 6-3. 
 
Тенисерите потоа се селат во Рим каде ќе се игра нов турнир од Мастерс серијата, а тоа е увертира на вториот овогодишен Гренд-слем, Роланд Гарос чиј почеток е закажан за 23 мај.