Живот
18. April 2017 - 9:36

Зошто врвките на чевли сами се одврзуваат

Облекувате чевли, ги врзувате колку е можно поцврсто, но набгу врвките самите се одврзуваат. Сега научниците мислат дека знаат што ја предизвикува оваа, една од најзаплетканите мистерии во животот.

Тие открија дека силата при која стапалото удира на тлото го затегнува, а потоа и опушта јазолот, а истовремено друга сила при мафтање на ногата влијае врз краевите на врвките, слично на невидлива рака.

Истражувачите велат дека сознанието за врвките за чевли може да се примени и кај други структури, како што е ДНК. Со помош на камера која бавно снима и серија експерименти, механички инженери од Универзитетот Беркли во Калифорнија открија дека се случува „грешка кај јазолот на врвките“ и тоа во дел од секунда, предизвикана од комплексна интеракција на повеќе сили.

- Кога станува збор за јазлестите структури, за да можете да ги разбирате врвките за обувки, топгаш тоа можете да го примените и на други нешта, како кај ДНК или кај микроструктурите, што спаѓа под динамични сили. Ова е прв чекор кон разбирањето зошто некои јазли се подобри од други, што досега никој не успеал да го дознае, вели главниот истражувач, Кристофер Дејли-Дајмонд. 

Истражувањето започнало од коавторот и дипломец Кристина Грег, која во патики џогирала на насип додека нејзини колеги снимале со видео камера се што ќе се случи.

Како што се олабавуваат јазлите на врвките, ногата во движење придонесува како интерциска сила на краевите на врвките, што води до брзо олабавување како два енергетски токови спротивни еден од друг.

- За да го одврзам патиките, ги потегнувам слободните краеви на врвките и тие се одврзуваат. Истото се случува со врвките заради истиот вид на движење. Силите кои го предизвикуваат ова не доаѓаат од некој кој ги потегнува двата краја на врвките, туку од инерциските сили од ногата која се ниша напред-назад, додека јазолот се олабавува кога повторно и повторно се нагазува на тлото. изјави Грег,

„Ефектот лавина“

Научниците го потврдиле тестот со различни видови врвки за обувки.

Но, иако некои врвки се подобри од други за врзување јазол, сите врвки страдаат од фундаменталната причина на грешка кај јазолот, се открива во истражувањето кое беше објавено во списанието „Просидингс оф а Ројал Сосаети“.

- Интересно во врска со овој механизам е што вашите врвки можат да бидат добри подолго време, но не и кога ќе направите барем и најмало движење за да предизвикате олабавување кое го започнува овој ефект на лавина, што доведува до олабавување на јазолот, додава Грег.