Зошто студентите во БиХ гласно молчат?
Студентите порано беа најжестоки критичари, носители на промени во општеството... Денес на прво место им се верските слободи и да не брануваат премногу, да бидат во добри односи со „тие на власт”.
Октомври е месецот за продолжување на рокот за завршување на студиите за „вечните” студенти секоја втора година. Тоа се основни теми кои ги мачат студентите во БиХ. Покрај овие два „проблема” кои веќе ги мачат со години, фокусот на нивниот интерес е и општествениот ангажман. Тој во РС главно се сведува на одбележувањето на Денот на Републиката, присуствување на отворање на студентски домови посветени на воени злосторници, а во се уште свежо сеќавање е и перформансот кој го организираше Унијата на студентите во Република Српска со лепење на ленти преку устите, со цел за поддршка на референдумот.
Студентите во Федерацијата посебна грижа водат околу верските слободи. Така на почетокот на октомври со молневита брзина се прошири веста дека Харис Захирагиќ, претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот во Сараево, пред членовите на УНСА усмено го изнел предлогот, дека во петок за време на џум намаз, да не се закажуваат испити и предавања, поради верските слободи, како што навел тој. Истакнал дека таа иницијатива нема никаква врска со секуларизмот во БиХ и дека тоа е „право на секој од нас да ја негува својата верска традиција”. Потенцирал и дека бошњачките студенти не би имале ништо против тоа колегите на друга вероисповед да имаат слична иницијатива.
Квалитетот на знаењето, студиите и условите на студирање, уписната политика која не е усогласена со потребите на пазарот на трудот, непостоење на квалитетен Закон за високо образование на државно ниво, Болоња – за која никој и не знае што е, како и аферите околу изборот на ректорот на Бањалучкиот Универзитет, не се теми на кои студентите придаваат посебна важност. Како тие да не се однесуваат на нив и како токму нив да не ги чека лоша иднина; повеќегодишно чекање на бирото за вработување или заминување во странство, каде ќе работат работи за кои не се образувале, непријавени и за минимална плата.
Студентските домови, квалитетот на знаењето и уписната политика
Не се зборува ни за животот во студентските домови без никакви услови.
Така во последната година само повремено можеа да се слушнат изјави за условите во студентските домови на Пале и Фоча, влага, неквалитетна и количински недоволна храна, шуга, како и 110 девојки кои делат седум нечиси тоалети и 5 туш кабини. А за тоа време новите изградени домови на Пале и Фоча, во чија изградба се вложија 6 милиони евра и за кои два пати беа приредени свечености на отварањето, цело време зјаеја празни. А студентите молчеа и трпеа. Веројатно не е препорачливо да „брануваат”.
На сето тоа, Милан Милишиќ, претседател на Унијата на студентите на РС, вели дека тоа е тема која поминала и не треба да се враќаат на неа.
„Слични прашања имаа и вашите колеги, но јас на сите кажав па и на вас, дека на нас најважно ни е што студентите конечно се вселија во новиот студентски дом, бидејќи тоа е и најважно, посебно со почетокот на новата академска година. Еден од овие два објекта на Пале веќе прими студенти, а за новите објекти во Фоча се распишани конкурси. Новите студентски домови хигиената ќе ја покачат на едено повисоко ниво, па се надевам дека работите кои се случуваа порани повеќе нема да се случуваат. И за тоа имаме само пофални зборови” – ни рече Милишиќ.
За квалитетот на знаењето и студирањето, Милишиќ вели дека забелешки прима секој ден нешто формално нешто неформално, официјално и неофицијално. За пристигнатите забелешки тој верува дека Унијата на студенти на РС нашла решение. Направија јавна анкета преку која студентите можат да ги оценуваат професорите, нивниот квалитет и начинот на работење. Како оваа анкета ќе го подобри квалитетот на знаењето на нашите студенти, остана непознато, но веројатно ќе се види во иднина.
Што се однесува до уписната политика и нејзината усогласеност со пазарот на трудот, Милишиќ рече дека и тука има напредок, „успеале да издејствуваат секој факултет да го задржи најдобриот студент на место на асистент, а и одредени фирми од стопанството исто така ни излегуваат во пресрет и примаат одреден број на студенти”.
Тој додаде и дека „ова не го решава проблемот на невработеноста, но тоа е работа која се движи, ако ништо друго барем по нагорна линија”.
И така на крај излегува дека уписната политика на факултетите е усогласена со пазарот на трудот и дека е доволно да се вработат неколку луѓе?
Дали студентите се во право, бидејќи мнозинството е во партиите, па молчат и не зборуваат јавно за вистинската состојба на работите, го прашавме Горан Вучиќ, потпретседател на Унијата на студенти на РС. Тој одговори дека на студентите како ни на било кој друг граѓанин, не може да се забрани ангажирање во политички партии.
„Мое лично мислење е дека студентските претставници дефинитивно не треба да се ангажираат политички и јас лично не сум. Денес не е лесно да се биде студентски претставник, по било каква позитивна или негативна критика, ве врзуваат за таа или оваа страна. Нашата работа исклучиво е да се бориме за студентските права и единствено со тоа ќе се бавиме” – рече Вучиќ.
Милорад Кецман, претседател на Сојузот на студенти на Електротехничкиот факултет во Бањалука, коментирајќи ја анкетата на unijastudenatars.com, изработена минатата година, кога пет најлоши факултети имаа оценки од 2.6 до 2.9, а пет најдобри просечна оценка 3.85, рече дека ако оваа анкета се земе како релевантна, резултатите покажуваат дека кај студентите владее незаинтересираност за промени и подобро утре. Смета и дека недостасува покренувачка сила, која треба да води кон подобар живот.
„Ако сите тргнат од себе и има ли некој таков кој сака вистинска промена на подобро, мислам дека тоа би прераснало во масовно од кое сигурно би се создала таква атмосфера во која многу нешта би се подобриле. За жал, сметам дека студентите се многу мрзливи и зафатени со сопствени проблеми за да размислуваат и да се борат за некаков заеднички напредок и подобро образование за сите студенти” – вели Кецман за Бука и додава дека студентски бунт постои, само мора да се најде она „нешто”, а можеби и „некој” кој ќе го покрене.
Како ја заглупавевме младината
Иван Шијаковиќ, социолог и професор на Факултетот за политички науки во Бањалука, смета дека студентската летаргија и немање на критички однос кон студиите, образованието, животот и општеството, е последица на општата состојба во образованието. Спуштени се сите критериуми, вели, секој денес може да се запише и да заврши факултет, некои предмети се подготвуваат само по неколку часа. Од друга страна, вели тој и светски тренд е само да се редат бројки и проценти. Во квалитетот на образованието никој ниту навлегува ниту го проверува, бидејќи смета дека тоа ќе го регулира пазарот – кој знае ќе успее, а кој не знае, нема.
„Мислам дека на современиот свет не му треба младина која мисли и креира, потребен им е тесен број на експерти. Се раѓа едно целосно ново виртуелно сајбер општество, а ние се занимаваме со нешто што воопшто не е за 21 век. Нациите, верите, идеологиите, традиционалната култура, поданичката психологија и логиката со која се занимаваме во БиХ, во развиените општества се останати во 19 век. Евангелието на 21 век е компјутерот, т.е. софтверот. Чипот е најважен инструмент, не е ниту фабриката, ниту мотиката. Тоа се проблеми кои не ги гледаат нашите студенти, а не тоа колку рокови ќе имаат, но за тоа вината ја сноси раководството на универзитетот, тие ги натераа да се бават со периферни, а не со централни прашања” – истакна Шијаковиќ.
Дека студентите и младината се носители и покренувачи на промени, изгледа е работа на дамното минато кај нас и во светот. На сцена стапија нови технологии и вредности, додека во малите несреќни држави како нашата се уфрлени коски на националниот и верскиот идентитет бидејќи немаме ништо друго. Студентите и луѓето воопшто, се вклопија во тој систем, станаа верни поданици, па овие на власт уште долго можат да не држат далеку од светот и 21 век.
Бука - Сараево
Ново на Сител
-
Почна шестчасовен протест во Нови Сад за трагедијата на железничката станица
-
Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина
-
Приведен крадец на електричен тротинет во Скопје, одземеното е вратено на сопственикот
-
Костадиновски: 33 години од донесување на првиот Устав, овој ден нека е потсетник на обврската да се сочува системот на вредности
-
Двајца жители на Чашка приведени од полицијата поради напад врз полициски службеници
-
СВР Скопје расчисти убиство во обид, поднесена е кривична пријава против едно лице
-
Министерката за образование и наука го честита Меѓународниот ден на студентите
-
Гостиварец физички ја нападнал сопругата, следува соодветен поднесок