Зошто Обама ги правел своите најголеми грешки
Дали Барак Обама беше реалист во надворешната политика?
Ова прашање го постави еден од најголемите светски експерти за меѓународни односи, Стивен Волт, одговарајќи на самиот почеток на анализата во „Форин полиси‟, за жал, со не.
Ако претседателот на Америка беше воден од идеите за реализам во светската политика, посебно од идејата дека странските земји не можат со оружје да се натераат да следат извесна идеологија, или да ги уредат своите општества така како што од нив очекуваат големите сили, би избегнал некои од своите најголеми грешки, смета Волт.
Прва од нив е Авганистан. Обама таму во 2009 година испрати 60.000 војници, објаснувајќи дека еднаш мора да се заврши со талибанците и дека Америка мора да се повлече од земјата која ја окупира неговиот претходник. Седум години подоцна авганистанските милитанти владејат на многу поголема територија од било кога во последните 15 години. Пентагон не гледа крај на војната која во Авганистан се уште ја води, потсетува професорот од Харвард и заговорник на реализмот во меѓународните односи.
Што да се каже за израелско-палестинскиот судир? Тоа за Обама е „серија на понижување‟: Израелците продолжија да шират насилство на палестинската територија и да ја гаѓаат Газа, Хамас зајакна, умерените Палестинци ослабеа, а решението во вид на две држави, што е официјален американски став за тоа како може да се реши конфликтот меѓу Евреите и Арапите, е мртва буква на хартија.
Ништо помал неуспех не беше ни одговорот на Обама на „арапската пролет‟. Во Египет го поддржа заминувањето на секуларниот американски сојузник и борец против тероризмот Хосни Мубарак, како и доаѓањето на власт на Муслиманските браќа, за потоа да се предомисли и премолчено да одобри државен удар против демократски избраните исламисти.
Во Либија помогна за падот на Муамер ел Гадафи, што резултираше со пад на оваа држава во анархија и нејзино претварање во едно од упориштата на Исламската држава. Во Сирија истакна дека Башар ел Асад мора да си оди, а дека (исто како ни во Либија) немаше план кој би можел да го замени претседателот, бидејќи ниту една алтернатива не се покажа за прифатлива. На Волт не му преостанало ништо друго туку да заклучи дека Блискиот исток ќе биде во полоша состојба кога Обама ќе си оди од Белата куќа, откако како прв афроамерикански претседател влезе во неа. „САД не се единствени кои се одговорни, но нивното упорно мешање посеа уште поголем хаос и ги одби американските пријатели, а и нашите непријатели‟.
Конечно, професорот дава на Обама ниски оценки и за политиката кон Украина. Му забележува што отворено се стави на страна на Киев и што не умееше да го предвиди одговорот на Москва на кризата на Мајдан, газејќи така еден од основните принципи на реализмот, ценење на туѓите интереси и почит на рамнотежата на силите.
Сепак, Волт смета дека Обама покажал дека умее да размислува како реалист, кога како последна глупост ги отфрлил повиците на американските јастреби дека САД треба постојано да војува за да го зачува кредибилитетот. Џорџ Буш, на пример, беше опкружен токму со такви неоконзервативци кои сметаа дека американското оружје ќе ја принуди секоја земја да стане послушник на Вашингтон. Како што забележал Волт, во еден од своите претходни текстови, неоконзервативците го советувале Буш во Авганистан и Ирак немилосрдно да демонстрира сила, за овие земји да ги претвори во проамерикански, како и на другите да им прати порака што ги чека ако не се повинуваат на вашингтонските интереси. Тоа што се случи е тоа дека Американците и денес имаат проблеми во земјите кои ги разорија и окупираа, како и дека нападите на Багдад и Кабул не ги натераа Сирија или Иран да го сменат својот курс.
Затоа Волт и го фали Обама што во Иран наместо сила применил дипломатија, потпишувајќи со Техеран договор за нуклеарна програма. Обама така ги избегна неоконзервативните стапици, но падна во мрежа која му ја поставија некои од неговите најблиски либерални пријатели, заговорници на „хуманитарни‟ интервенции кои сметаат дека демократијата и човековите права се шират со оружје. Волт забележува склоност кон интервенционизам и убеденост на либералите во американска исклучителност и кај Обама во случаи кога претседателот изјавувал дека Америка е исклучителна сила и дека американското водство во светот е непроценливо.
Саманта Пауер и Хилари Клинтон со гласовите беа блиски до Обама кои заговараа хуманитарни интервенции во Либија и Сирија, при што не објаснија како замислуваат дека бомбите, гранатите и смената на режимот автоматски од овие две земји ќе направат функционални демократии. Затоа Обама заврши како претседател кој употребуваше помалку разорни оружја од Буш, но и како врховен командант кој го ангажираше Пентагон во многу повеќе земји од неговиот претходник (старите и новите војни плус праќање на дронови).
Волт оддава признание на Обама за прекин на политиката на изолација на Куба и релативно мирните односи со Кина. Меѓутоа, заклучува дека би било многу подобро ако претседателот можеше сосема да се ослободи од влијанието на неоконзервативниот и либералниот естаблишмент. Тогаш би ги повлекол трупите од Авганистан, би ги скинал специјалните врски со блискуисточните сојузници, би го запрел ширењето на НАТО и промената на режимите, општествен инжинеринг кој пропадна, меѓу другото и во Либија и во Сирија.
Сепак, признава професорот од Харвард, оградувањето од наведените елити за секој шеф на Белата куќа би било тешка мисија, бидејќи во надворешната политика својот интерес го наоѓаат и богатите и моќните поединци, силните корпорации, влијателни институти и блиску поврзани лобија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис
-
Четири рочишта против Мерко