-->
-->
Зошто Мурињо не стана тренер на Барса?!
-->
Жозе Мурињо во 2008 година бил сериозен кандидат за тренер на Барселона, но клубот сепак решил да го ангажира тогаш тренерски неискусниот Пеп Гвардиола. Еден од членовите на Управниот одбор (УО) на Барселона од тоа време, Феран Сориано, во својата книга, открива зошто решиле да го ангажираат Гвардиола, а не Мурињо кој претходно работел во клубот како преведувач на тренерите Боби Робсон и Луи Ван Гал.
„Тоа беше борба помеѓу искусен и успешен тренер, но многу котроверзен и талентиран човек, кој добро го познаваше клубот, но без некое позначајно тренерско искуство“, пишова Сориано во својата книга.
Поранешниот член на Управниот одбор на Барселона, пишува дека членовите на УО составиле план од девет точки кои морало да ги исполнува новиот тренер, а Мурињо „паднал“ на една точка.
„Тренерот е претставник на клубот и мора да делува внимателно во секој момент. Треба да го почитува противникот, судиите и другите институции. Не смее да ги злоупотребува медиумите или да биде контоверзен кон нив со своето однесување. Фокусот треба да му биде само врз тимот и играта“.
Тоа е разликата поради која Барселона се реши за Гвардиола, а не за Мурињо, пишува Сориано.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип
-
Со изборен навигатор можете да проверите која партија и програма се најблиску до вашите убедувања
-
Со добра понуда и бројни настани Охрид може да привлекува туристи преку цела година
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски