Македонија
10. јуни 2021 - 21:14

Зошто граничниот премин со Србија не функционира со една гранична контрола?

One stop shop на границата со Албанија. Прмеиерите Заев и Рама денеска потпишаа договор со кој меѓу двете граници ќе има само еден пункт за проверка на документите, наместо два како досега. Целта според домаќинот Рама е да се олесни трговијата, но и патувањето на луѓето. Премиерот Заев пак, смета дека со подобрување на административните капацитети ќе расте пријателството меѓу двата народи. 

Две години претходно, Македонија ваков договор потпиша и со Србија. Тоа се случи во август 2019 година во пристуство на премиерите на двете земји. Но, во моментов единствената гранична контрола на граничниот премин не функционира. Оние кои често патуваат велат дека до почетокот на корона кризата принципот One stop shop функционирал, но потоа веќе тоа не било случај.

Од Владата велат дека поради состојбата со Ковид полициските службеници од Република Србија, по проценка на пограничните власти на Република Србија, не се присутни на граничниот премин Табановце на македонската страна како што било договорено и контролата ја вршат во Прешево. Македонските службеници пак заедно со српските за излез од земјава контролата ја вршат во Прешево. 

За разлика од Македонија и Србија, оне стоп шоп одлично фунлкционира меѓу Косово и Албанија.