Свет
11. October 2015 - 10:21

Зошто американската војска не победува?

Тајм - Њујорк

Во јуни 2014, Исламска држава во Ирак и поширока Сирија (Исил) го збриша Мосул, вториот град по големина во Ирак, и ги истера ирачките сили на кои САД потрошија 20 милијарди долари за обуки и опремување. Минатиот мај, тие го сторија речиси истото со Рамади, престолнината на ирачката провинција Анбар. Минатата недела Талибанците – исламски фундаменталисти кои управуваа со Авганистан и кои го вдомија Осама бин Ладен кога неговите полковници ги изведоа нападите од 9/11 – повторно го зазедоа северниот авганистански град Кундуз, откако САД инвестираа 60 милијарди долари во обнова на авганистанската војска. За првпат талибанците освоија провинциска престолнина по 2001 година.

Талибанскиот лидер Мухамед Омар е мртов од 2013 година. Маринците специјалци „фоки“ го убија Осама бин Ладен во 2011 година. САД редовно објавуваат дека убиваат високи лидери на Исис, и изјавија дека убиле повеќе од 10,000 нивни следбенции. Па како по потрошени толку многу американски пари и смртта на толку непријатели, градови раководени од лидери сојузници на САД псотојано паѓаат во рацете на непријателот?

Одговорот е прилично директен: постојат две основни цигли за градба на војната: оружјето и вољата. САД потрошија милијарди долари вооружувајќи и обучувајќи пријателски сили, но ако кај нив нема воља за борба, ниту еден арсенал нема да ги спаси на долг рок. И авганистанците и ирачаните страдаат од кукавичлук. САД поддржува централната влада што доведе до лошо обука и војници со слаби перформанси.

Но недостигот на воља нема да се одрази само кај сојзуцните на САД. Поголемиот дел од одговорнсота треба да се гледа и кај самата САД. Покрај набљудувањето и навивањето од страна, американската јавност е незаинтересирана за конфликтите по 9/11. Само еден процент од населението одобрува одење во војна. Конгресот одби да и објави војна на секоја земја која САД ја нападна, подобро да се избегне одгворноста кога нештата одат надолу (како и што повремено и се случваше). Барање за објава на војна, како што предлагаа основачите на Америка – ќе ја доведе земјата кон целосно користење на ресурсите во конфликт. Тоа ќе ја подигне летвичата, што ќе резултира со помалку војни но со подобар исход.

Покрај граѓаните и Конгресот, и војската сноси одговорност. Американските офицери во 2001 година знаеја дека обидот за обнова на Авганистан без искоренување на терористичките групи од другата страна на границата со Пакистан (каде се наоѓаше пензионерската вила на бин Ладен) значеше дека САД можеби никогаш нема да го опорават Авганистан. Сепак тие салутираа и продолжуваа да притискаат, игнорирајќи ја таа отворена рана во стратегојата на САД. Додека железото на Петнагон ѕвецкаше за инвазија на Ирак во 2003 година, нивните воени планови се правеа скоро истовремено додека САД го заземаа Багдад, без нималку да се размислува што ќе следува. Да не ги спомнуваме злосторството од користењето на мали сили кои постојано се враќаа во битки, со сета колатерлна штета која се правеше дома.

Војната во Персискиот Залив се наведува од воените офицери како последна победа на САД. Конфликтот во 1991 имаше јасна цел: да се истераат силите на Садам Хусеин од Кувајт, што САД и сојзинциите го направија за помалку од еден месец. На Втората ирачка војна и војната во Авганистан им недостатсуваше таква конкретна цел. Тоа доведе да бидат вовлечени во војна која траеше подолго отколку што проценуваа воените архитекти, и ја сруши јавната поддршка за тоа. Исто толку важно е што САД дури и ефтино минаа во овие војни (што е тешко да се поверува во тоа со оглед на 6,857 човечки животи и два трилиони долари веќе потрошени).

Таквите обиди само прават САД да изгледаат беспомошно кога првичните розеви предвидувања се засноваат на тоа што претходно се случувало. Резултат од тоа е штетата која им отвори шанси на Иран и Русија во регионот да ја искористат. Не е воопшто забавно да се гледа како повеќе од 200,000 сиријци загинаа во жарот на граѓанската војна, но впечатокот дека војската на САД може да воведе ред во хаосот вкоренета во со векови религиозна нетолеранција, е апсурдна.

И покрај превирањата во Авганситан, Ирак, Либија и Сирија, до одреден степн со интервенција на САД, дискусијата во земјата понекогаш изгледа заблудувачка. На 25 септември, претседателот Барака Обама го пофали пензионираниот раководител на Здружените сили, армискиот генерал Мартин Демпси: „Денес, благодарение на не малите мерки од раководењето на Марти, Америка ги окуражи сојузниците од Европа до азискиот Пацифик“, рече Обама. „Ги завршивме борбените мисии во Авганистан и ја доведовме најдолгата војна на Америка до одговорен крај“ – три дена пред Кундуз да падне во рацете на талибанците. Претседателот ги пофали неговите најдобри војници за раководењето на „најголемата воена сила која светот некогаш ја познавал“.

Тоа е вистина. Но е исто така воглавно и ирелевантно. Затоа што огнот кој го јаде овој дел од светот не е срцето на проблемот – туку само одновата која го потпалува огнот. „Вистинскиот предизвик со кој треба да се соочиме е дека таму се води идеолошка војна, а кој е планот да се спротивставиме на тоа?“, рече во четвртокот полк. генерал Боб Ото, висок претставник за разузнавање и следење во военото возухопловство. „А тоа не е воено прашање“.