Живот
27. August 2016 - 13:03

Зорица призна: Морам да се проституирам, затоа со сопругот плачеме ноќе - како стигнавме до ова?

Триесет и двегодишната Зорица од Белград работи како касиерка, но вели дека нејзината плата не е доволна за ништо, а нејзиниот сопруг не може да најде работа, бидејќи не е работоспособен откако го повредил рамото.

Зорица вели дека нејзиниот син наскоро ќе тргне на училиште, па затоа морала да најде дополнителна работа. Се одлучила за најстариот занает на светот - проституцијата.

Нејзиниот сопруг знае за нејзината дополнителна работа, но затвара очи на тоа, бидејќи знае дека нема друг начин.

- Не го правам тоа зошто го сакам или зошто сакам бесна кола, дијаманти и бунди... сакам само добар живот за семејството, вели Зорица за српски Курир.

- Со сопругот плачевме заедно цела ноќ, се прашувавме како може да дојдеме до ова. Мака ми е, не уживам, но морам, вели Зорица.