Loading Video...
Спорт плус
27. December 2017 - 13:36

Зоран Заев: Македонскиот спорт ќе добие свој дом

На свеченоста обраќајќи се кон бројните гости и пред се спортистите премиерот Зоран Заев најави ги најави бројните мерки со кои државата ќе придонесе за подобрување на условите за спортот, а преку тоа и подобрување на спортските врвни резултати. 

Конечно, Македонскиот спорт ќе добие свој дом.

„Идната година ја отпочнуваме и постапката за изградба на Домот на спортот“, ова меѓу другите мерки за поддршка на спортот го најави премиерот Заев. 

„Почнавме процедури за враќање четири сали на федерациите со што ќе им овозможиме простор на спортистите за секојдневните активности, а преку инвестирањето во младинските клупски категории, што исто така планираме да почне да се спроведува во 2018 година, ќе помогнеме на над 240 младински клубови, најдобри во своите категории, да продолжат да го унапредуваат младинскиот спорт“, рече меѓудругото Заев.

Тој додаде дека, Владата ќе го исполни ветувањето за нов Закон за спорт, со којшто ќе се обезбеди статус на дејноста спорт и спортистите во нашата земја, стабилни извори за финансирање на дејноста спорт од централниот и локалниот буџет, како и можност за директна поддршка на спортот со средства од економијата во текот на 2018 година.