Зоран Милевски – Кичеец пуштен во домашен притвор
Второосомничениот во случајот „Рекет“ Зоран Милевски – Кичеец ќе биде пуштен во домашен притвор, откако денеска судија на претходна постапка, по добиено позитивно мислење од обвинителството, го уважи предлогот на одбраната како основан.
– Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлог на одбраната на З. М., опфатен во предметот во јавноста познат како „Рекет“, за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор од 19.09.2019, истиот го достави на мислење кај надлежен јавен обвинител. Денеска по добиено позитивно мислење од обвинителството, предлогот на одбраната да биде уважен како основан, судијата на претходна постапка, согласно Законските одредби, донесе решение со кое мерката притвор се укинува и се определува мерка куќен притвор, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд во Скопје.
Со оглед дека жалбата не го одлага извршувањето, од Основниот кривичен суд информриаат дека решението е испратено до странките, а обвинтиот ќе биде спроводен на издржување на мерката куќен притвор во неговиот дом
Ново на Сител
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите
-
Штрајк од први јуни ако не им се исполнат барањата: Вработените во ФЗОМ одржаа предупредувачки протест
-
Почна протестот на вработените во ФЗОМ
-
Парламентарни избори 2024 - се заострува реториката помеѓу партиите
-
Пендаровски и Силјановска и денеска на терен
-
140 социјално загрозени семејства од Прилеп ќе добијат пакети храна и пари пред Велигден