ЗНМ го осуди нападот врз редакцијата на Радио Слободна Македонија
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска преку соопштение го осуди неодамнешниот напад на дел од демонстрантите врз редакцијата на Радио Слободна Македонија во Скопје и бара од институциите веднаш да ги откријат напаѓачите и најостро да ги казнат.
- Секој напад врз новинарите е напад врз слободата на говорот и правото на граѓаните да бидат информирани. Неказнувањето на насилството може да доведе до многу посериозни последици врз сигурноста и безбедноста на новинарите, се вели во соопштението.
ЗНМ во соопштението наведува и дека го осудува односот на властите кон новинари од соседните земји и посочува дека „е несфатливо што забраниле влез во Македонија на тројца новинари од весникот 24 часа од Бугарија, а еден новинар од Телевизија Топ Ченел од Албанија бил задржан на информативен разговор во Скопје“. - Ги повикуваме институциите да не ги попречуваат новинарските екипи во нивната работа и да не креираат недоверба во јавноста кон новинарската професија, велат од ЗНМ.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата