Фудбал
20. July 2020 - 10:11

Значајна победа на Пандев и Џенова

 
 
Вечерва тројцата македонски фудбалски репрезентативци кои настапуваат во Серија А беа на теренот.
 
Џенова на капитенот на Македонија, Горан Пандев стигна го исклучително важни 3 бода во борбата за опстанок и тоа против директниот конкурент, тимот на Лече. Џенова славеше победа со 2-1.
 
Санабрија уште во 7 минута погоди за домашно водство од 1-0.
 
Гостите во 45 минута имаа можност да го израмнат резултатот од белата точка, но пеналот не го искористи Манкосу.
Сепак, во вториот дел истиот играч, во 60 минута погоди за 1-1.
 
Џенова имаше иницијатива, а помош добија од противничкиот голман Габриел. По еден шут кон неговиот гол, топката удри во стативата и се врати во поле, но притоа го удри него во раката и заврши во мрежата.
 
Горан Пандев го напушти теренот дури во 91 минута.
 
Оваа победа ја крена Џенова на 4 бода над опасната зона, на 4 кола до крајот на Серија А.
 
Во мечот меѓу двајцата мекедонски фудбалери Наполи на Елиф Елмас со гол во 95 минута славеше победа против Удинезе на Илија Несторовски – 2-1. Нестор-гол го одигра целиот меч кај гостите, додека Елмас во игра влезе во 80 минута.
 
Гостите од Удине водеа на овој меч. Де Пол погоди за 0-1 во 22 минута.
 
Само што влезе во игра на местото на Мертенс, во истата минута Милик погоди за 1-1, во 31 минута.
 
Овој резултат беше актуелен се до самиот финиш, а кога играчите на Удинезе се понадеваа дека со еден бод се враќаат од тешкото гостување, Политано со одличен удар во 95 минута ги остави сите 3 бода во Неапол.
 
Со овој пораз Удинезе пак падна близу до опасната зона, со +2 бода од Џенова и на плус 6 од Лече кој е во зоната која води во Серија Б.
 
На останатите мечеви во истиот термин, Бреша го совлада СПАЛ со 2-1, а Фиорентина беше подобра од Торино со 2-0.