Здравје
2. December 2015 - 9:31

Зимска лимонада која ќе ве згрее и ќе ви го исчисти телото од токсини

Иако лимонадата е асоцијација за лето и разладување, оваа е малку поинаква – ќе ве стопли, наполни со енергија и ќе ви го прочисти телото од насобраните токсини.

Многумина својот ден го почнуваат со чаша топла лимонада, затоа што лимонот ја балансира pH вредноста и помага да се исфрлат токсините од телото.

Во последно време во речиси сите диети се наоѓа следниов рецепт:

Во шолја исцедете еден лимон, ставете една лажичка мед, малку рендан ѓумбир и додадете жешка вода.

Консумирајте ја топлата лимоната после јадење како дигестив или наутро за да го започнете денот поенергично. Овој пијалак ќе го разбуди вашиот организам.