Зигмар Габриел: Германија може да земе половина милион мигранти годишно
Германија може да земе најмалку 500 илјади мигранти годишно, во следните неколку години, изјави германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел.
Вицеканцеларот Габриел рече дека неговата земја може да се справи со ваквиот наплив на бегалци, но тој го повтори повикот на канцеларот Ангела Меркел, упатен до другите земји членки на ЕУ, да преземат дел од мигрантите.
Според Габриел, тоа треба да се направи во една, како што рече, фер распределба на бегалците од Блискиот Исток.
Неговата изјава доаѓа по соопштението на имигрантските власти во Берлин, дека Германија до крајот на оваа годија би можела да се соочи со 800 илјади бегалци и азиланти, што е четири пати повеќе отколку во минатата година.
Британските весници го пренесуваат соопштението на Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) за тоа дека напливот на бегалци на југот на Европа продолжува, па се вели дека само вчера, во Македонија влегле рекордни седум илјади сириски бегалци, а на грчкиот остров Лезбос, има 30 илјади луѓе, кои секојдневно се префрлаат од Турција.
Според владата во Атина, ситуацијата на овој остров кој е многу блиску до турскиот брег, грчката Влада и УНХЦР забрзано го зголемуваат бројот на персоналот, што треба да им се најде на услуга на бегалците.
Подготвеноста на Германија да прима по половина луѓе годишно, доаѓа наспроти ветувањето на Велика Британија да прими 20 илјади мигранти во следните пет години и тоа од камповите покрај сириската граница, а не од оние кои веќе се наоѓаат на европскиот континент.
Медиумите во Лондон го пренесуваат германското незадоволсто од односот на партнерите во Унијата, а посебно од земјите во Источна Европа.
Како посебно лош пример се зема однесувањето на владата на премиерот Виктор Орбан, која прво нареди изградба на железна ограда на границата со Србија, а потоа, не дозволуваше бегалците на унгарска територија, дури и да влезат во возовите на станицата во Будимпешта, туку присилно ги префрлаа во пограничниот реон кон Австрија, во бегалски камп.
Ново на Сител
-
Tема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и еден од лидерите во ВРЕДИ
-
Што содржи предлог-законот за ратификација на договорот со Обединетото Кралство?
-
Кога Владата официјално ќе го предложи Азир Алиу за нов министер за здравство?
-
За три децении 18 министри за здравство – Tаравари со два мандати, Tодоров најдолго во министерската фотеља
-
Две обвиненија за скопските криминални банди - вршеле нарачани убиства, тргувале со дрога
-
Почна сослушувањето на родителите за трагедијата во „Пулс“
-
СДСМ обвинува за партиски зделки во МВР
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинување за Филипче