Ракомет
21. February 2016 - 19:01

ЖРК Вардар го совладаа европскиот првак Будуќност

Ракометарките на Вардар  ја остварија првата победа во дуелите со Будуќност актуелниот првак во Лига на шампионките.
 
На средбата одиграна попладнево во СЦ Јане Сандански, а во рамките од 5.коло на втората групна фаза, ЖРК Вардар за прв пат во меѓусебните дуели беше подобар од  актуелниот европски првак Будуќност и тоа со 26-24 полувреме 11:11.
До оваа голема победа вардарки ги предводеа Барбара Лазовиќ со 6 гола и фантастичната на голот Амандин Лејно која имаше 19 успешни интервенции.

Во претпоследното коло од групата 2, попладнево се одигра и средбата Митјиланд – Букурешт која заврши со победа на гостинките од 28-23. Во петокот Ѓер со 32-26 го победи Савенхоф.  Токму Сафевенхоф е следниот противник на ЖРК Вардар во дуелот кој ќе се игра во Шведска на 26 февруари (петок).
 
Tабелата 
1.    Ѓер 13 бодови, 
2.    Будуќност 13 
3.    ЖРК Вардар 12,
4.    Букурешт 9, 
5.    Митјиланд 5, 
6.    Савехоф 2.