-->
-->
ЖРК Металург победник во националниот куп
-->
Ракометарките на Металург го освоија женскиот куп откако во финалето го надиграа Ѓорче Петров со 30-27 (16-12) и на крајот заслужено се радуваа на 5. Трофеј во ова натпреварување каде последен пат триумфираа во 2013г.
Ракометарките во силен ритам продолжија по одморот, за само две и пол минути постигнаа три гола и дојдоа на плус седум (19-12), не реализираа напад за плус осум. Тоа подоцна го стори Ива Младеновска, зголеми на 21-13. Големата македонска надеж со удар од седум метри донесе и плус девет (23-14).
По 10-тина минути во второто полувреме Ѓорче Петров конечно заигра подобро,. Со серија од 4-0 намалија на 25-22 на осум минути до крајот.
Во финишот откако Металург не искористи два напади, противникот намали на 29-27, но Илјаз одбрани во вистинско време за победа и радост на екипата од Автокоманда
Ива Младеновска со девет гола и Ива Божиновска со осум беа лидери кај новиот освојувач на трофејот, Илјаз имаше 11 одбрани. На другата страна Симона Стојановска постигна осум гола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа
-
„Цитроен“ удрил во електричен тротинет, повредени двајца малолетници
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево