Македонија
16. February 2016 - 13:46

Жителите на Велешта, струшко утрово ги вознемии пукање

Во текот на вчерашниот ден во 8 часот и 15 минути, жителите на велешта, струшко ги вознемии пукање. 54-годишниот Д.Б. од селото пријавил дека непознат насилник утрото во 3 часот и 30 минути од возило испукал куршуми кон неговата куќа.
 
 На местото на настанот подигнати се траги и доказен материјал предадени на вештачење. Се преземаат мерки за пронаоѓање насторителот и за целосно расчистување на случајот.