Жителите на Росоман добија можност да пријавуваат проблеми по електронски пат
Жителите на Општина Росоман добија мижност да пријавуваат проблеми по електронски пат, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при општината.
– Системот овозможува во секое време од денот, седум дена во неделата, преку интернет порталот на општината да се пријави комунален проблем кој службите ќе се обидат да го решат или да информираат до каде е решавањето на проблемот во најкраток можен рок, соопштија од прес службата.
Оттаму појаснуваат дека може да се пријават проблеми со улично осветлување, улици , патишта и тротоари, оштетување на асфалт, бетон, камени коцки и бекатон. Ќе може да се пријави и работа на патишта, улици и тротоари, објекти склони на уривање, стари куќи, потпорни ѕидови и слично. Може да се пријави и оштетување на урбана опрема, дивоградби, бучава, загадување, кучиња скитници, уништување и узурпација на јавни објекти.
Ново на Сител
-
Продолжува амандманската расправа за ребаланост на Буџетот
-
До седум часот утрово активни седум пожари, велат од ЦУК | ВИДЕО
-
МЗ: Пожар во кругот на болницата во Битола, нема штета и повредени
-
Трамп го пролонгира стапувањето во сила на реципрочните царини до 1 август
-
57-годишен скопјанец бил фатен како подметнува пожар во Ѓорче Петров
-
Европратениците ќе дебатираат по Предлог-извештајот на Вајц за земјава
-
На ГП Блаце без застој за патнички возила, остануваат ограничувањата за камиони
-
Нетанјаху го предложи Трамп за Нобелова награда за мир