Македонија
25. January 2017 - 16:34

Жители на Тетово се жалат на проблеми со чиста вода за пиење

Жителите во куќите на улицата Иво Лола Рибар во Тетово на потегот од стадионот до градинката се жалат дека во водата имаат песок.  Иако во последните месеци од 2016 на улицата се одвива градежни зафати за канализација, како можна причина велат дека со проблемот се соочуваат со години.

Во тетовскиот центар за јавно здравје од каде се вршат испитувања на водата велат дека последните примероци не покажале пореметувања.

Од комуналното претријатие денес не добивме одговор околу проблемот со кој се соочуваат жителите на улицата Иво Лола Рибар