Македонија
11. December 2020 - 14:55

Жител на кавадаречко село Марена починал по пад од необезбедена тераса

 Во СВР Велес синоќа во 19:28 часот било пријавено дека околу 18.00 часот, Т.Р.(72) од село Марена, Кавадарци, се повредил при пад од необезбедена тераса на куќа во Кавадарци. За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

По укажаната лекарска помош во болницата во Кавадарци, повредениот им подлегнал на повредите. Бил извршен увид на местото на настанот.