Loading Video...
Свет
26. January 2023 - 16:31

Жестоки руски ракетни напади врз Украина по објавата на САД и Германија за испраќање тенкови

Над 30 проектили утрово биле истрелани од руска страна кон цели во Украина, од кои дел и врз главниот град, ден по одлуката на САД и Германија да му испорачаат на Киев борбени тенкови. 

-Нашите системи за воздушна одбрана соборија дел од ракетите, информираше украинската армија, истовремено предупредувајки  дека Москва се подготвува да изврши масовен ракетен напад со употреба на авиони и бродови. 

Најмалку едно лице загинало во воздушните удари врз Киев, соопштија тамошните локални власти. На мета е и Одеса, а ударите се случија помалку од 24 часа откако УНЕСКО го прогласи историскиот дел на градот за светско наследство во опасност, и покрај противењето на Москва. 

Војната влезе во 337 ден, а украинскиот претседател синоќа  порача дека не е заинтересиран за преговори со шефот на Кремљ , нарекувајки го никој и ништо. 

-Ти одамна престана да му биде достоен соговорник на Путин, возврати портпаролот на Кремљ, потсетувајќи го Зеленски за неисполнетите предизборни ветувања за решавање на ситуацијата во украинскиот регион Донбас и исполнување на договорите од Минск.