Македонија
17. May 2021 - 16:43

Жестока расправа на денешната Комисија за образование

Дали од септември СДСМ насила воведува целосна дигитализација на учебниците додека третина од училиштата функцинираат со септички јами или пак, тоа е лага на ВМРО-ДПМНЕ која не инвестираше во образование? Последните најавени реформи од министерката Царовска денеска и во дебатата меѓу власта и опозцијата во собраниската комисија за образование.

Според ВМРО-ДПМНЕ пратениците на влста и министерката Царовска живеат во поинаква реалност од таа на граѓаните, а не ги слушаат ни наставниците, ни учениците ни науката.

За власта пак, се работи само за најавени реформи кои се неопходни додека опозцијата се обидува да ги блокира.

Атмосферата во Комисијата стануваше и напната. Се делеше дури и меѓусебна оценка за говорите со недеоволен еден, а имаше и лични квалификации.

Комисијата за образование веќе подолг период не може да работи по точките од дневен ред бидејќи опозицијата бара претходно да се утврдат заклучоци од јавната расправа за новата концепција за основно образование. Целата дискусија се одвива преку десетици процедурални забелешки кои почнаа уште во петокот.