Македонија
29. September 2022 - 16:43

Жестока дебата со остри тонови и навреди на седницата за пратенички прашања

Ковачевски и Ковачки во клинч пред собраниската говорница- со надвикувања и обвинувања пробуваа да докажат кој е дезертер, а кој кодош.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, веќе втора недела бара од премиерот објаснување дали е трајно неспособен или го лажирал документот за да не служи воен рок. Ковачки вели дека е срамно државата да ја води лице, кое одбило да ја брани во воениот конфликт во 2001 година.

Премиерот Ковачевски пак вели дека пред воениот конфликт, односно во 2000 година му бил констатиран абдоменален проблем, со кој се уште се соочува. Не остана должен со навреди, па на адреса на Ковачки пристигна дека дури бил полковник во Армијата кодошел, ја срамел институцијата, но и дека ја погазил воената заклетва.

Но покрај воената афера на ВМРО-ДПМНЕ, на пратеничките прашања не изостана и енергетската криза. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека имаат контакти за производство на двојно поевтина струја за стопанството, па го прашаа Ковачевски дали ќе го викне Мицкоски на средба за да му ги даде контактите, но и го праша зошто општините и јавните претпријатија не се во мерките бидејќи се соочуваат со огромни трошоци.

Ковачевски им посочи дека ако навистина имаат такви контакти да ги достават до ЕСМ или министерството за економија, бидејќи како што истакна во неговиот кабинет нема архива за прибирање понуди, а за општините вели дека цела година ги предупредувал да се подготват за енергетска криза.

Утре е последниот ден од кризната состојба во земјава, а закажана е собраниска седница со цел да биде продолжена до 1 март 2023 година.