Фудбал
17. February 2020 - 19:41

Жешка домашна фудбалска пролет

            Викендов се одигра првото пролетно коло во домашното фудбалско првенство.  На стартот постигнати резултати што навестуваат тешки битки за врвот но и за опстанок  по триумфот на Работнички во Струга.

             Фудбалерите на Вардар  со триумфот против Лавовите од Ѓорче Петров го задржаа чекорот на лидерската позиција  пред Шкендија и Силекс кои исто така забележаа победи во 19. Прволигашко коло.

            Црвено-црните и без најдобриот играч Аврамовски  лесно се справија со Македонија ЃП и за првпат ја совладаа оваа сезона. 

            Триумфираше и Шкендија и тоа на дербито во Струмица што  екипата на Академија Пандев ја турна кон средината на табелата.  Гостите од Тетово лошо го започнаа натпреварот но направија пресврт што ги задржа  на втората позиција   на екви-дистанца од лидерот Вардар.

            Притисок прави и  Силекс кој одигра одличен меч во Тетово каде имаше шанси за поубедлива победа но задоволството е големи три бода со евро-голот на Мустафов и зацврстување на третата позиција на табелата пред дербито во Кратово со актуелниот првак.

            Меѓу екипите кои профитираа во оваа рунда секако е и Шкупи кој со победата над Борец дојде во помирни води но и до пол-позиција од која може да го продолжи европскиот сон.

            Најголеми губитници се секако Струга Трим Лум и Ренова кои загубија бодови пред својата публика и  ги чека жешка пролет во битката за опстанок особено што Работнички се приклучи кон директните конкуренти со важната победа на брегот на Охридското езеро.

            Сепак ова е само почеток а продолжението од првенството ќе покаже колку првата пролетна рунда го профилираше конечниот пласман во елитната македонска фудбалска лига.