Македонија
20. October 2021 - 15:32

Жена пронајдена мртва во нејзината куќа во велешкото село Горно Оризари

Во СВР Велес вчера во 13.20 часот било пријавено дека во домот на ул.„Сараевска“ во село Горно Оризари, велешко, била пронајдена почината 66-годишната Б.Б.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Посочи дека по наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.