Бизарно но вистинито
13. January 2016 - 13:42

Жена пронајде змија под фрижидерот, но тоа не е најшокантното

Роли Барел е ловец на змии од Аделаида кој дошол по повик од една жена и ја фатил змијата, скриена во нејзиниот дом. Тој и рекол дека змијата ја пронашол во вистински момент, зошто наскоро од јајцата ќе излегле мали змии.

-Мене ми е лесно да фатам змија, зошто тоа го работам последните 40 години- рече Роли.

Тој змијата ја смести на безбедно место и ја нахрани со глувци и вода зошто била исцрпена од полагањето на јајцата.

Инаку, случајот воопшто не е наивен, зошто станува збор за источна кафеава змија која е една од најотровните на светот и живее во Австралија, Папуа Нова Гвинеја и Индонезија.

Каснувањето на оваа змија предизвикува дијареја, вртоглавица, парализа и срцев напад.

Еве како изгледаше нејзиниот лов: