Македонија
16. August 2022 - 18:40

Жена киднапирала бебе во ГТЦ

Полициски службеници од СВР Скопје денеска ја лишија од слобода С.С. од Скопје, набрзо по добиена пријава околу 11.30 часот дека одземала бебе од Ѓ.М., која, според пријавеното, бебето го оставила пред маркет во Градски трговски центар во Скопје. Детето и С.С. се пронајдени на територија на Ѓорче Петров и С.С. е приведена во полициска станица.

Како што информира МВР веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и известен е јавен обвинител. Извршен е разговор со сопругот на пријавителката, како и со возачот на такси возилото со кое С.С. заминала кон Ѓорче Петров.

Против С.С. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство и таа по брза постапка ќе биде изнесена пред надлежен  судија.