Жбогар на средба со шефот на централниот изборен штаб на ДУИ
Досегашниот тек и начинот на кој се одвива изборната кампања за предвремените парламентарни избори беше главна тема на разговор на денешната средба меѓу амбасадорот на Европската унија во Македонија Самуел Жбогар и шефот на централниот изборен штаб на ДУИ Беким Незири во седиштето на ДУИ во тетовска Мала Речица.
- Заеднички заклучок беше дека кампањата тече без проблеми и во мирна атмосфера и оти така треба да продолжи со цел на 11 декември да се спроведат мирни, фер и демократски избори, изјави Незири по средбата, а амбасадорот Жбогар не даде изјава за медиумите.
Средбата, нагласи Незири, што беше иницирана од амбасадорот Жбогар и траеше околу еден час.
- Заеднички заклучивме дека до денеска немало никаков проблем поврзан со кампањата и очекуваме дека во мирна атмосфера ќе продолжиме со изборниот процес. Не очекуваме згоемување на некаков притисок до денот на изборите и на таков начин овозможуваме на секој граѓанин во Република Македонија на мирен, демократски и фер начин да се произнесе на 11 декември за кој политички субјект ќе гласа. На тој начин сме еден чекор поблиску до евро-атлантските структури, рече Незири.
Одговарајќи на прашање околу реториката што се употребува во кампањата и за ставот на амбасадорот Жбогар, Незири рече дека евроамбасадрот смета дека досега се исполнети сите услови за кредибилни избори, но нагласил дека до 11 декември има уште време.
- Се надеваме дека ќе продолжиме во овој дух на мирни и демократски избори. На секои избори малку се зајакнува реториката. Тоа беше и примедбата од страна на амбасадорот, што помалку да има националистичка реторика и реторика што на некој начин индиректно би влијаела да имаме избори што би биле под своевиден притисок, односно избори што би ескалирале, рече Незири и потенцира дека не очекува да има некаква ескалација до денот на изборите.
Ново на Сител
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори