Жбогар: Македонија оди во добра насока
ЕУ гледа со оптимизам во напорите кои ги прави Владата во однос на проблемот кој го има Грција со името на Македонија, истакна денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар при посетата на СВР Скопје.
- Она што генерално го споделуваме е оптимизам дека работите се одвиваат во правилна насока, дека реформите што ги очекуваме во земјата почнуваат да се спроведуваат и ја охрабруваме Владата да продолжи по овој пат. Во следните месеци од наша страна ќе ја претставиме визијата за регионот во следните години и децении преку стратегискиот документ за Западен Балкан што претседателот на ЕК Јункер го најави за февруари. Очекуваме од Владата и институциите да покажат посветеност и резултати поврзани со реформите. Доколку овие две визии и активности се преклопуваат се надеваме дека ќе видиме добри резултати следната година, рече Жбогар.
Во однос на можноста меѓународната заедница да изврши притисок врз Грција да дозволи влез на Македонија во НАТО под привремената референца, амбасадорот истакна дека секогаш е подобро прашањата да се решаваат преку дијалог на задоволство на двете страни.
- Нема решение кога едната страна е задоволна, а другата не е и сите компромиси се засновани на тоа двете страни да го прифатат решението. Ова е единствениот начин да се дојде до долгорочно решение. Гледаме дека тоа е пристапот на Владата, преку чести средби меѓу министрите за надворешни работи кои ја подобруваат атмосферата и добрососедските односи и веруваме дека ова ќе доведе до добри резултати, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар.
Ново на Сител
-
Комисијата нема да почнува разговори од почеток, историчарите подетално ќе разговараат во Софија
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Комисијата нема да почнува разговори од почеток, историчарите подетално ќе разговараат во Софија
-
Ангелов: Не може да се разговара од почеток за веќе ревидирани препораки во историската комисија
-
Муртезани: Неодбивањето на предлогот за одложено дејство на Фор дер Лајен остава простор за решение
-
Шилегов обвини дека СДСМ е заробена, партијата му одговори дека Филипче е избран демократски
-
Филков: Време е за освежување во Комисијата за помилување
-
Претседателот на ЗЕЛС ги кани на состанок Костадинов и Јакимовски