Жарко Лаушевиќ - специјален гостин на „Киненова“
Фестивалот „Киненова“ во Скопје го донесе актерот Жарко Лаушевиќ, кому утре на отворањето во кино „Милениум“ ќе му биде врачено Специјално признание за особен придонес во филмската уметност. Тој е специјален гостин на второто издание на фестивалот кој промовира филмови на режисери-дебитанти и доаѓа директно од Америка.
- Голема чест ми е и задоволство што сум овде зашто и мојата кариера е обележана со работа со дебитанти. Жал ми е што поради обврски нема да го следам фестивалот, но се надевам дека за идното издание ќе бидам овде со филмот на младиот режисер Немања Ќераниќ „Воља синовљева“ што го снимавме во Бор, рече Лаушевиќ на прес-конференцијата.
Со Македонија го поврзуваат и пријателството и соработката со режисерите Владимир Милчин и Слободан Унковски, со многу колеги актери, а се присети и на југословенско-аргетинската копродукција „Пат кон југ“, што во 1987 го снимале во скопско Количани. Овие денови снима филм во село кај Јагодина според историската драма „Корени“ од Добрица Ќосиќ, а возбудливо, рече, е што по 24 години е повторно на театарската сцена - пред три дена се вратил од турнеја низ Канада и САД со ансамблот на претставата „Хедерсфилд“ на Југословенско драмско позориште. Лаушевиќ игра и во новиот филм „Сенки над Балканот“ (улога во ликот на малку познатата историска личност принц Ѓорѓе Караѓорѓевиќ) кој ќе има скопска премиера на затворањето на „Киненова“ на 11 октомври.
Поради животните околности Лаушевиќ на јавноста и стана познат и како писател кој објави две книги-дневници од годините поминати во затвор.- Тие две книги се за затворските искуства и за затворските сеќавања и тоа останаа се уште незавршено. Мислев ќе ја завршам третата книга оваа година, но подраго ми е што не ја завршувам поради овие, поубави обврски. Книгата може да почека. Ако биде добра, ќе биде добра и по две години, рече Лаушевиќ.
На новинсрско прашање одговори дека не очекувал толкав успех со своите книги. - Се поклопи со неколку фактори - долгото отсуство, љубопитството како тоа изгледа зад решетките, а можеби и некоја интрига - како е тоа кога некоја позната личност ќе западне во такви околности и што се случува тогаш. Веројатно тоа беше причината, рече Лаушевиќ.
Вториот фестивал „Киненова“ ќе биде отворен утревечер во „Милениум“ со проекција на филмот „Мажите не плачат“ на Ален Дрљевиќ, пред кој ќе биде скопската премиера на краткиот филм на „Крајот на времето“на Милчо Манчевски.
Покрај Лаушевиќ, на „Киненова“ ќе биде присутен уште едно познато име на југословенскиот филм - Горан Марковиќ кој ќе претседава со жирито, а ќе одржи и мастерклас. Во шесте фестивалски денови, до 11 октомври, ќе бидат прикажани десет филмови кои се прв и втор долгометражен филм на режисерот, во селекција на Марина Костова
Ново на Сител
-
При претреси во Идризово пронајдени 37 телефони и 50 грама марихуана | ФОТО
-
Во Белград студентите во блокада најавија за попладнево протест - Сакаме избори
-
Приведен 23-годишник од Битола, со употреба на сила одзел три чанти од различни минувачи
-
Уапсени малолетници кои со автоматска пушка пукале во куќа во Тетово
-
Приведен 34-годишен дилер од Штип, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и дигитални ваги
-
Здружението на инженери бара сметките за струја да се издаваат врз основа на реално измерените податоци
-
Над 15 000 средношколци утре ќе го полагаат првиот екстерен испит од државната матура
-
Швајцарска долина се подготвува за евакуација по уривањето на глечер