Жан-Клод ван Дам опфатен во обвинение за сексуални злосторства
Белгискиот глумец Жан-Клод ван Дам е обвинет за вмешаност во сексуални злосторства. Според наводите на обвинението, ѕвездата од боречко-акционите филмови имал сексуални односи со пет жени од Романија, а се тврди дека му биле испратени од криминална организација којашто се занимава со трговија со луѓе.
Ван Дам (65), се наведува, знаел за потеклото на жените за кои станува збор, а целиот случај е дел од поширока истрага за трговија со луѓе во Романија, почната 2020 година. Адвокатот Адријан Кукулис, кој застапува една од жртвите, рече дека жените биле ранливи и се сомнева дека се искористувани за сексуални цели.
-Лицето што ги примило (жените), знаел за нивната состојба, тврди Кукулис.
Противзаконското дело наводно се случило во Кан, Франција. Обвинението е поднесено до Романската државна канцеларија за истрага на организиран криминал и тероризам.
Ново на Сител
-
По 51-ви пат во Долнени грмнаа тапаните, писнаа зурлите и кавалите, се одржува фестивалот „Пеце Атанасоски“
-
Во пораст бројот на деца со деформитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара