Жаклина Глигориевска-Кочоска и Ангелка Стоиљковиќ наградени на „Експериментален цртеж“
Ликовните уметници Жаклина Глигориевска-Кочоска и Ангелка Стоиљковиќ оваа година се наградени автори на изложбата на членовите на Друштво на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) „Експериментален цртеж“.
Изложбата, која е поставена во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје, ја отвори Виолета Калиќ. Наградите ги додели потпретседателот на ДЛУМ Владимир Темков.
На изложбата претставени се делата на повеќе современи ликовни уметници: Ибрахим Беди, Љупчо Бојаров, Мирко Вујисиќ, Тања Таневска, Јасминка Новковска, Петра Јовановска, Зоран Бошковски, Росица Лазеска, Слободан Живковски, Христина Зафировска, Ана Ивановска, Марија Светиева Ергас...
- Со цртежот едноставно се поттикнува развојот на новите форми на цртежот и се создава нов концепт кој целосно го напушта класичниот. Современиот цртеж не ги исклучува традиционалните техники, туку често го проширува полето на истражување и експериментирање вклучувајќи ги притоа и сите негови радикални трансформации, соопшти Друштвото на ликовни уметници на Македонија.
Ново на Сител
-
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време
-
МВР со детали за верижната сообраќајка на Скопска обиколница
-
Спасени три питбули и дорбеман користени за борби на кучиња во Врапчиште
-
Во Словенија утре Ден на жалост поради загинувањето на тројцата рудари
-
Магла во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица
-
Слоновите во САД не се луѓе, пресуди највисокиот суд во Колорадо
-
Јапонец украл амбулантно возило зашто не сакале да го одведат во болница
-
Ракопис на Боб Дилан продаден на наддавање за 508.000 долари