Зголемено движење на возила на Табановце
Зголемена е фреквенцијата на возила за влез и излез од државата на граничниот премин Табановце. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања, информираат од АМСМ.
Од 9 јули на десната коловозна лента на автопатот Скопје-Куманово извршена е времена измена на режимот на сообраќај во должина од 1000 м пред населеното место Миладиновци до самото место, при што сообраќајната лента за принудно запирање и сообраќајната лента за возење се затворени, додека сообраќајот се одвива по левата сообраќајна лента за преткнување.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Дигитализација на македонското земјоделско производство
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Приштина со протест нота за Скопје по случајот со Османи - МНР изрази жалење за настанот
-
Одбележувањето на Илинден го привлече вниманието на грчките медиуми, честитка испрати и Радев
-
Фрижидерите во ИЈЗ под клуч – ќе се знае кој влегува и зема реагенси!
-
Чадот од пожарите во Охридско се чуствува во градот
-
Шест пожари беснеат низ Македонија