Зголемени увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во мај годинава се повисоки за 8,1 отсто на месечно ниво и пониско за 50,1 отсто на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, увозната цена на моторниот бензин е повисока за 39,4 отсто на месечно ниво, а понсика за 59,3 отсто на годишно ниво, додека на дизелот е повисока за 9,5 отсто на месечно ниво и пониска за 56,1 отсто на годишно ниво.
Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. Главни корисници на податоците се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во калкулациите при склучувањето на градежните договори.
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции