Зголемени трошоците на живот и цените на мало во јануари
Трошоците на живот во јануари биле зголемени за 1,5 проценти, а цените на мало за 1,2 проценти во однос на декември, објави денеска Државниот завод за статистика.
Пораст на трошоците на живот е забележан кај кафето, чајот и какаото за 4,3 проценти, рибата и морските плодови за 3,5 проценти, кај свежото овошје за 3,4 проценти, пивото за 2,6 проценти, како и кај виното, минералната вода, газираните пијалоци, соковите, шеќерот, медот, чоколадото и кондиторските производи.
Зголемување има и кај централното греење за 14 проценти и електричната енергија за домаќинствата за 9,4 проценти.
Намалување на трошоците на животот има кај воздухопловниот патнички транспорт за 8,4 проценти, медиумите за снимање за 4,2 проценти, обувките за 1,7 проценти, парамедицинските услуги за 1,2 проценти, информатичката опрема за обработка на податоците, туристичките аранжмани….
Споредбено со јануари лани, зголемување од 6,7 проценти има кај трошоците на живот, а за 7,3 проценти кај цените на мало.
Ново на Сител
-
23-годишен маж со тврд предмет нападнал двајца роднини на неговат сопруга со која е во бракоразводна постапка
-
Три лица се тепале на паркинг во Ѓорче Петров
-
Едно лице со употреба на сила го одзело накитот на 37-годишна жена на Бит Пазар
-
Јавниот превоз во Скопје за продлжениот празничен викенд по неделен возен ред
-
МОН и универзитетите работат на три нови закони за да се задржат студентите во земјава
-
Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“
-
Поранешниот директор на Онкологија, Никола Васев, не се чувствува виновен за несовесно лекување на пациенти
-
Украина започна постапка за забрана на Украинската православна црква поради врски со Москва