Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во декември 2016 биле повисоки за 3,1 отсто на месечно ниво, а за 4,7 проценти на годишно ниво, соопшти Државниот завод за статистика.
Во декември 2016 во споредба со ноември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 10,5 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 2,3 проценти.
Во декември 2016, во споредба со декември 2015, продажните цени се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 10,2 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 4,1 процент.
Во декември 2016, цените, вкупно, се повисоки за 1,4 отсто на месечно ниво, а за 1,8 на годишно ниво. Во декември 2016 во споредба со ноември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 6,6 отсто и во секторот Преработувачка индустрија за 1,1 процент, а се пониски во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,2 отсто.
Во декември 2016 во споредба со декември 2015, продажните цени вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 9,9 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 1,3 и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,4 проценти.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228