Бизнис
15. September 2015 - 19:45

Зголемена побарувачка - Има или нема дрва за огрев годинава

За 20 отсто зголемена побарувачката на огревно дрво годинава во споредба со лани.  Причината поради која се повеќе домаќинства  се одлучуваат  да се грејат со дрво  е тоа што изминативе години цената на енергенсите расте, а на дрвото е непроменета, но во државните складишта , додека во приватните, цената зависи од понудата и побарувачката.

-Нашата цена е непроменета веќе девет години и  тоа е една од причините за стимулирање на потрошувачката, а плус и измените во законите со кои  пазарот се легализира,  рече Жарко Караџовски- директор на Македонски шуми

И покрај зголемената побарувачка и временкси непогоди, од Макеоднски шуми уверуваат  дека огревно дрво  има . До крајот на октомври ќе бидат испорачани и покриени сите нарачки. Мали проблеми со снабдувањето има во Скопје. Од претпријатието апелирата  домаќинствата навреме да ги прават нарачките.

- Нема стравување од недостаток на дрва и ги има во сите складови.Во Скопје  малку има проблем,  затоа што ние произведуваме 40.000 кубни метри, а во градот побарувачката е од  150 до 200 илијади кубни метри. Уплатите се примаат од јануари , а испораките се вршат редоследно кој како уплаќал и сега се јавува нервоза кај некој граѓанин кој уплатил денеска и сака одма да ги добие дрвата. Секако дека ќе добие, но откако ќе бидат испорачани дрвата за оние кои претходно уплатите и тука е проблемот, рече Караџовски/

Досега испорачани  се 316 илијади кубни  метри , договор има за уште 100 илијади. До крајот на сезоната се очекува побарувачката да достигне  до 750 илјади , а увезени се  15 илијади кубни метри.

Цените за еден кубик дрва бука е 2.370 денари, а за кубик  даб 2.450 денари. Годинава  се очекува 130 илијади домаќинства да се греат на дрво.