-->
-->
Зголемен бројот на туристи и на ноќевања
-->
Во септември годинава во Македонија се евидентирани 108.711 туристи, кои оствариле 260.320 ноќевања, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на туристите во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, е зголемен за 4,4 отсто, а на ноќевањата за 7,3 проценти.
Во периодот јануари – септември годинава, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 13,6 и тоа: кај домашните туристи за 14,1, а кај странските за 13,3 отсто.
Во првите девет месеци од годинава, во споредба со истиот период лани, бројот на ноќевањата е зголемен за 15,2 отсто при што кај домашните туристи има зголемување за 14,3, а кај странските за 16,4 отсто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата